Кој според вас заслужува да го носи епитетот најголем Македонец во историјата? Или ако се повеќе, наведете ги и по можност објаснете зошто токму тие? Да направиме една листа на најголемите Македонци низ времето, на луѓето со кои можеме да се гордееме, кои придонеле за промоција на Македонија и Македонците насекаде низ светот, на луѓе кои се заслужни за нашиот удел во светскиот цивилизациски код.
Еве ги моите предлози:
1. Филип II Македонски (дипломат, реформатор, создавач на македонската фаланга)
2. Александар III Македонски (најголемиот освојувач на сите времиња, заложник за светска држава на народите)
3. Кирил и Методиј (семакедонските и сесловенските описменители)
4. Цар Самуил (заслужен за територијалните проширувања и издигнување на Охридската архиепископија на ранг на патријаршија)
5. Браќата Миладиновци (основачи и водачи на Македонската Преродба од XIX век)
6. Григор Прличев (Македонскиот Сердар и Вториот Хомер)
7. Сите основачи на ВМОРО (клучна улога во идното создавање на автономна Македонија)
8. Ѓорче Петров ("Македонија на Македонците" - цитат кој кажува се за него)
9. Гоце Делчев (апостолот на македонската револуционерна борба)
10. Јане Сандански (Пиринскиот цар, борец за автономна Македонија)
11. Никола Карев (првиот претседател на Крушевската Република)
12. Ѓемиџиите (го кренале вниманието на Европа за состојбата во Македонија)
12. Крсте П. Мисирков (најголемиот македонски идеолог на XX век, и Македонецот што го одбележа XX век)
14. Методија Андонов - Ченто (првиот претседател на НРМ, борец за независна Македонија)
15. Блаже Конески (втемелувач на македонскиот литературен јазик)
П.С. Имињата на овие личности се напишани хронолошки, а не по важност.
П.П.С. Доколку се сложуваме со мислењата за најдобрите 10 да речеме, може да организираме и анкета на која би гласале и би го избрале најдобриот, т.е. најголемиот, најважниот, најзначајниот Македонец во историјата.