Значи, дали ги почитувате мислењата? Дали знаете да ги прифатите и тогаш кога се разликуваат од вашите? Дали имате почит кон сечие мислење на форумов, особено кон мислењата на тие што не ги знаете? Или па токму нивните мислења повеќе ги омаловажувате и токму со нив помалку внимавате како дискутирате?
Темава ја отварам бидејќи често се случува членовите (посебно со новите) да се најдат со различни ставови и мислења, па да се раскараат на една или неколку теми и останат на некој начин непријатели.