Оценка или знаење? За што учите вие? Или пак додека сте биле ученици или студенти за што вие сте учеле?
Учите за да добиете добра оценка? Оценките ви се многу битни? Се нервирате и разочарувате кога ќе добиете ниска оценка, а се радувате на високите оценки. Не ви е битно дали на памет сте научиле, не ви е битно дали сте препишале, најдобро е што вие имате висока оценка и сведителството ќе ви биде полно со петки или индексот полн со 9ки и 10ки, а сеедно што не ги знаете предметите вистински.
Или пак воопшто не ви е битна оценката. Вие учите за свое добро, да го знаете она што ве интересира. Она што не ве интересира не го ни учите, небитно е каква оценка ќе имате. Важно сакате знаење, а оценките сами ќе дојдат по себе.
Па во која група спаѓате вие? На кој начин учите или сте учеле?