Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Филмски грешки

Go down 
АвторПорака
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 25
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Филмски грешки   Пон Фед 02, 2009 1:30 am

Филмаџиите од Холивуд воглавно се придржуваат до законот на физиката, затоа што немаат друг избор. Но, кога ќе заиграат "специјалните ефекти", на глупостите им нема крај.


1. Автомобили кои лесно експлодираат
Ако им веруваме на филмовите (поготово акционите), доволен е судар, или мало пролевање на бензинот за автомобилот да бувне и да се претвори во огромна огнена топка.

Практично за подигање на адреналинот на публиката, но нема голема врска со реалноста, во која бензинот нема да експлодира освен ако не е помешан со околу 93% воздух. Затоа, доколку доживеете некој лесен судар со автомобилот, нема потреба панично да истрчате од него стравувајќи од експлозија. Најверојатно тоа нема да се случи.


2. Звукот патува со брзина на светлината
Светлината (како што речиси и секое дете знае) патува побрзо од звукот. Холивуд нема никогаш да го сфати тоа. Така, во филмовите громот не ја следи молњата, туку сето тоа се одигрува истовремено.
Вулканот еруптира, а вие експлозијата ја слушате веднаш, наместо со закаснување. На бојно поле во исто време гледате експлозија и слушате детонација, без разлика на оддалеченоста. Битни се дури и најмалите ситници, како кога некој удира топче за безбол, а во исто време се слуша и звукот - нешто што во вистинската игра никогаш не би се случило.


3. Митот за радиоактивноста
Филмаџиите се трудат да ве убедат дека радиоактивноста е заразна и од неа сите луѓе светат. Од каде таа помисла? Симпсонови? Вистината е дека обичната радијација ќе ве направи радиоактивни само доколку радиоактивните честички се залепат на вас.

Радиоактивноста на е заразна. Ако некој е изложен на радиоактивни неутрони од атомски реактор нормално дека и самиот ќе стане нешто радиоактивен, но сигурно нема да свети во темница. Радиоактивните честички емитираат светлина само кога ќе наидат на фосфор, како во внатрешноста на ТВ приемниците, но тоа вас не би требало да ве загрижува.

4. Подобро е граната или куршум?
Во филмовите, гранатите обично ги убиваат само они личности за кои се наменети и оние кои се наоѓаат над нив во моментот на експлозијата. Ако се водиме според тоа, една бомба не би требало да направи многу повеќе штета од еден обичен куршум.

Во вистинскиот живот, нормално, тоа е поинаку - експлозијата од една граната ќе ја убие личноста за кого е наменета, се што е во нејзина околина, а најверојатно и вас.

5. Куршуми кои фрлаат искри
Овие куршуми се релативно нова појава во светот на специјалните ефекти, а служат за гледачите да поверуваат дека јунакот "за влакно" се извлекол од порција врело олово.

Во реалноста искри ќе добиете ако стругате железо или некој друг цврст метал со тврда површина (пр. цигла), затоа што парченцата на металот се прегреваат и одлетуваат. Куршумите се прават од олово, густ и мек метал кој минимално се загрева во цевката на пиштолот. Сте виделе некогаш пиштолот да исфрла искри кога некој пука од него? Не. Сега знаете зошто е тоа така.

6. Звук кој патува во вселената
Најголемите киксови во филмовите се случуваат токму во вселената. Звукот е вибрација во воздухот. Во вселената нема воздух, па затоа нема ни звук. Не очекувајте да го чуете нешто од вашиот колега астронаут, дури ни доколку ви "урла" на само неколку метри оддалеченост од вас.

Креаторите на "Aliens", откако ја сфатија глупоста се обидоа да го преправат целокупниот впечаток, па при најавувањето на филмот почнаа да ја форсираат реченицата: "Во вселената никој нема да те чуе како вриштиш". А тоа е вистина
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net/forum.htm
 
Филмски грешки
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Пет грешки

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Филм и ТВ-
Отиди до: