Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Заушки

Go down 
АвторПорака
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 25
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Заушки   Нед Фед 01, 2009 12:39 pm

Епидемичниот паротит или заразни заушки како што се нарекува народски, е акутно заразно заболување кое првенствено ги зафаќа паротидните жлезди, но можат да бидат зафатени и другите плунковни жлезди, како и половите жлезди, мозочните обвивки и панкреасот.



Причинител на заболувањето е вирус (Mumps Virus), кој спаѓа во групата на осетливи вируси. За разлика од некои други респираторни вируси, сепак може да опстане извесно време во надворешната средина, што пак ја условува можноста за негово пренесување и по индиректен пат – најчесто преку свежо контаминирани предмети.

Симптоми

Периодот на инкубација варира од 10-25 дена, но најчесто изнесува околу 18 дена. Болеста започнува наеднаш, со појава на општи симптоми: малаксаност, губење на апетит, главоболка, покачена температура. Отокот што се појавува во задвиличниот предел (најпрво еднострано, а потоа и на другата страна) дава чувство на затегнатост, болки во пределот на увото, болка при зборување и џвакање, како и намалено лачење на плунка и сува уста.
Честото зафаќање на машките полови жлезди (тестисите) во вид на орхитис и мозочните обвивки (менингитис) се смета за локализација на процесот во други органи, а не компликација на болеста.



Единствен резервоар и извор на зараза кај заразните заушки е човекот, кој е заразен за околината неколку дена пред почетокот на болеста и околу една недела по појавата на првите симптоми.

Основен механизам и пат на пренесување е воздушно-капковиот. Вирусот се исфрла во надворешна средина преку Флигеовите капки (при зборување, кашлање, викање) и со вдишување се внесува во здрав организам.
По директен пат, вирусот може да се пренесе преку бакнување, а индиректен пренос е можен преку свежо загадени предмети од околината (играчки, прибор за јадење, чаши и сл.).

Болеста е космополитска и распространета е во сите земји во светот. Во земјите каде се спроведува системска вакцинација против оваа болест, морбидитетот е драстично опаднат, во зависност од тоа колку долг период се врши вакцинацијата и каков е опфатот.

По прележувањето на болеста, останува солиден доживотен имунитет, иако има податоци и за можно повторно заболување со блага клиничка слика. После вакцинацијата, се создава солиден и долготраен имунитет, со можна повторна инфекција, повеќе години после вакцинацијата.

Заразните заушки се јавуваат најчесто со поединечни случаи, но не е ретко и епидемиското јавување, особено во детските и младински колективи.

Најзафатена возрасна група се децата на возраст од 5-15 години, но ако детето не ја преболело инфекцијата во оваа возраст, може да заболи и во подоцнежна возраст.

Ова заболување има типичен сезонски карактер, со најголем број заболени во зимско-пролетните месеци, а минимум во летниот период.


Мерки на заштита
Општите мерки на превенција што се применуваат за сите респираторни заболувања (болести што се пренесуваат по воздушно-капков пат) важат и за паротитот, иако се најчесто без поголем успех: помала густина на сместување во колективите (детски и младински), проветрување и загревање на просториите и сл. Поважна е изолацијата на заболените (да не одат во градинка, училиште), нивното пријавување до надлежната епидемиолошка служба и лекување.

Можност за успешна превенција нуди вакцинацијата против оваа болест, како специфична превентивна мерка.
Вакцинацијата против паротит во Македонија, како и за другите заболувања за кои задолжително се спроведува, е законски регулирана и се спроведува со давање една доза вакцина на деца со навршена една година од животот (во 13 месец), и повторно, со давање на една доза ревакцина на 7-годишна возраст, согласно Календарот за вакцинација.

Вакцинацијата може да се врши со давање на моновалентна (mumps вакцина) или поливалентна вакцина која ја содржи компонентата за паротит (МП, МРП). Кај нас, во употреба е комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и паротитис (МРП).

Лекување

Лекувањето е со симптоматска терапија. Случаите со секундарна локализација на други органи или појава на компликации, бараат хоспитализација на заболените.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net/forum.htm
 
Заушки
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Здравје-
Отиди до: