Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Правила на подфорумот ЖИВОТНИ

Go down 
АвторПорака
Stolee
Администратор
avatar

Број на мислења : 128
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Правила на подфорумот ЖИВОТНИ   Нед Фед 01, 2009 12:27 pm

Добредојдовте на подфорумот "Животни", еден од форумите каде што ќе најдете многу информации во врска со животните, како и корисни совети за вашите миленичиња.

Затоа што не можам да повторувам на секоја тема како папагал, ќе напишам некои правила во врска со овој подфорум кои ќе ве замолам да ги почитувате.

1. Ќе ве замолам да се воздржувате од постирање вознемирувачки слики. Сите сме добро запознаени на кој начин се вршат експериментите, и нема потреба тоа визуелно да се претстави.
Сепак, има членови кои се осетливи на таа содржина. А и не гледам потреба да ја истакнете вашата сурова страна баш во овој подфорум.

2. Постови од еден збор, реченица, смајлиња и други "ситни творби" нема да бидат толерирани. Ќе бидат избришани во најкус можен рок, а доколку се забележи дека членот претерува, против него ќе бидат побарани и преземени санкции. Кога ќе влезете на темата и ќе направите избор, потрудете се да објасните зошто "ТОКМУ ТОА" e ваш избор. Не е тешко, нели? Ако не ви се допаѓа ова правило и не ни мислите да го почитувате, поштедете ме и мене од бришење и вас од санкции, кликнете го "Играчница" подфорумот. Таму чувствувајте се слободни да напишете колку сакате вакви постови без никој да ви забрани.

3. Пожелно би било да пишувате на кирилица. Не е спорно да пишувате и на латиница, но таа ги "заморува" повеќето членови и вашиот пост колку и да е убав и содржаен, може да биде прескокнат од страна на некои членови.

Се надевам дека ќе се водите спрема правилата и нема да имаме никаков проблем.

Овој подфорум е толку богат со информации, од вежби за дресура, до совети за исхрана и чување на миленичиња, нешта што му се потребни и треба да ги знае секој сопственик, така да, обидете се да се сконцентрирате на темите за информации, да научите нешто повеќе и да споделите разни искуства. Сепак, тука сме да научиме нешто повеќе, не?

Однапред благодарен.
Stolee
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net
 
Правила на подфорумот ЖИВОТНИ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» ЗАГРОЗЕНИ ЖИВОТНИ
» МОРСКИ ЖИВОТНИ
» ЧУДНИ ЖИВОТНИ
» ЖИВОТНИ

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Животни-
Отиди до: