Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Странски рецепти...

Go down 
АвторПорака
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 25
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Странски рецепти...   Сре Фед 11, 2009 5:20 pm

Гастрономска разгледница

Грција




Грчката храна е одличен микс од ориентални и европски јадења, подготвени на различни начини, од варени до печени. Храната во оваа земја претежно е сезонска, одредени рецепти се подготвуваат во одредени периоди во годината, и освен што е мошне вкусна е и лесна за подготовка. Се употребуваат многу домати и тоа најчесто во течна форма како доматно пире. Земањето поголемо количество домати покажало дека со тоа се намалува ризикот од рак, па, веројатно, тоа е и главната причина што Грција е земја со низок процент на заболени од од оваа тешка болест. За подготовката на рецептите дадени подолу може да се случи да ви недостасуваат одредени продукти, но тоа и не е толку важно затоа што грчката храна, како што често знаат да речат нашите соседи, го нема истиот вкус подготвена надвор.

Јуварлакиа авголемона



Потребно:
За топчињата од месо:
1/2 кг мелено месо (мешано)
1 јајце
3 лажици ориз
1 главица кромид
1 лажица сечкан магдонос
сол
црн пипер
100 г растопен путер (додаток за посолената вода)
малку брашно за валкање на топчињата
За сосот:
3 јајца
2 лимона (сок)
Подготовка: Кромидот излупете го и ситно исечкајте го и на лажица путер малку пропржете го. Во сад ставете го меленото месо, додајте го во него испржениот кромид, измиениот ориз, сечканиот магдонос, изматеното јајце, солта и пиперот (по вкус). Се изедначете т.е. замесете месно тесто и оставете го во фрижидер да стои 2 часа. Од масата направете мали топчиња, валкајте ги во малку брашно и варете ги во зовриена вода. Во водата додадете малку сол и од горенаведеното количество путер. Кога топчињата ќе бидат готови додадете им го сосот од јајца и лимон, измешајте и веднаш садот тргнете го од огнот. Сосот: Јајцата добро изматете ги, додајте им го лимоновиот сок и лажица по лажица додавајте во врелата течност со постојано мешање. Време за подготовка: повеќе од 2 часа

Тестенини на коринтски начин



Потребно:
300 г вргањи
350 г тесто од јајца
400 г свежи скути
1 kвасец
2 јајца
павлака за готвење
магдонос
рендан пармезан
маслиново масло
Подготовка: Исчистете ги вргањите и исечете ги на парчиња. Исечканиот власец кратко пропржете го на масло. Додајте третина од исечените печурки. По 6-7 минути, додајте ја скутата и оставете да испари течноста. Во сад измешајте две жолчки, две раце рендан пармезан и малку сечкан магдонос, сол и црн пипер. Лесно промешајте, додека не добиете хомогена смеса. Од тесто направете квадрати со димензија 10 на 10 см. Навлажнете ги со вода и на секој од нив ставете доза од преливот. Тогаш секој квадрат завиткајте го и добро затворете ги краевите. Сварете ја тестенината. Преостанатите печурки пропржете ги на маслото и кромидот, па додајте половина чаша павлака за готвење и пржете уште неколку минути. Тестенината наредете ја во сад, претходно намачкан со путер и прелијте со сосот. Посипете со пармезан и потпечете во рерна на 200 степени Целзиусови.

Ѕаѕики



Мошне популарен и едноставен сос што одлично оди со риба, компир, месо и слично и едноставно се подготвува.
Потребно: (за 4 порции)
половина чаша кисело млеко
2-3 чешниња лук, истолчен
2 супени лажици маслиново масло
1 супена лажица оцет од бело вино
1 голема краставица
малку сол
црн пипер
босилек
Подготовка: Процедете го киселото млеко низ газа или филтер за кафе. Оставете го да се цеди најмалку еден час. Подоцна измешајте го со истолчениот лук, сечканата краставица, маслиновото масло и оцетот. Зачинете и посолете. Готовиот сос пред сервирање чувајте го во фрижидер.
Време за подготовка: 10 минути

Сефталија



Потребно:
1 марамица (јагнешка)
1 кг мелено месо (телешко)
1 лажица оцет
2 главици кромид (ситно сечкан)
2 лажици магдонос (ситно сечкан)
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка сушено нане
1 лажичка цимет
6 лажици презли
2 лажици маслиново масло
сол (по вкус)
Подготовка: Во сад измешајте млака вода со оцет. Ставете ја јагнешката марамица во растворот и оставете ја да стои еден час. За тоа време направете фил, односно измешајте ги сите состојки и се убаво измешајте. Од добиената маса со лажица вадете фил и обликувајте мали ролнички. Марамицата извадете ја од растворот, измијте ја со вода и со кујнска крпа малку засушете ја. Со остар нож исечете парчиња 10 на 15 см и на секое парче нанесете од филот со месо. Добро завиткајте и ставете на скара да се пече. Добро испечете од двете страни. Сервирајте топло. Време за подготовка: 90 минути

Грчка баклава



Потребно:
1/2 кг кори за пита
250 г мелени бадеми
250 г мелени ореви
200 мл маслиново масло
1 лажица цимет
За сирупот:
150 г мед
600 г шеќер
500 мл вода
1 ќесе ванилин шеќер
1 лимон (сок)
Подготовка: Во еден сад измешајте ги бадемите, оревите и циметот. Во подмачкана тава ставете една кора, премачкајте ја со масло, па преку неа ставете уште три (секоја премачкана со масло). Ставете фил, па врз него распоредете две споени кори (секоја премачкана со масло) па фил, две кори и така со ред додека има фил. За последниот ред оставете четири кори. Површината на последните кори премачкајте ја со масло, со остар нож исечете во саканите форми (триаголници, коцки и сл.) и ставете да се пече. Печете на температура од 180 Целзиусови степени околу 40-45 минути, односно додека баклавата не добие убава златно-кафена боја. Прелијте со сирупот и оставете да се олади. Сируп: Во тенџере ставете шеќер, ванилин шеќер, вода и 6-7 минути варете. Тргнете го тенџерето од огнот, додајте сок од лимон, измешајте и додека е врело прелијте врз баклавата. Баклавата може да се посипе и со фстаци.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net/forum.htm
 
Странски рецепти...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ
» ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Гурманско катче-
Отиди до: