Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Пастрмка (специјалитети)

Go down 
АвторПорака
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 25
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Пастрмка (специјалитети)   Сре Фед 11, 2009 5:17 pm

Пастрмка со печурки

потребни состојки:

- 1 пастрмка од 1 килограм
- 1 лимон
- 500 гр. Печурки
- брашно
- 2 главици кромид
- 2 моркови
- 200 мл. Бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

Ги земаме главиците кромид и на даската за сечење ги сечкаме. Потоа ги земаме морковите и ги сечкаме на ситни коцки.

На оган ставаме една тава и во неа ставаме поголема количина масло за јадење да се загрее. Кога маслото ќе се загрее во тавата ги додаваме сечканиот кромид и морков. Промешуваме и ја покриваме тавата со капак.

На даската за сечење на тенки листови ги сечкаме печурките.

Исчистената пастрмка од сите страни добро ја посолуваме.
И кромидот и морковот кој се пржат ги посолуваме. Пастрмката ја валакаме во брашно добро да се набрашни од сите страни. Исечканите печурки ги додаваме во тавата во која се пржат кромидот и морковот. Промешуваме и повторно покриваме со капак и оставаме да се пржат.

На втората тава што е на оган на загреаното масло ја ставаме пастрмката. За време на пржењето ја превртуваме за да биде убаво испржена од сите страни. Во тавата во која се пржи зеленчукот го додаваме белото вино. Промешуваме и поклопуваме, оставајќи да се динста зеленчукот.

Земаме еден лимон го сечеме на половина и едната половина ја цедиме со цедалка.

Испржената пастрмка ја вадиме од тавата и ја ставаме на чинија за сервирање.

Остатокот од лимонот го сечеме на резанки. Сокот од лимонот го додаваме во тавата со зеленчукот. Промешуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган и со лажица ставаме од зеленчукот на чинијата за сервирање. Врз зеленчукот ја ставаме пастрмката. Потоа и врз пастрмката нанесуваме од зеленчукот. Декорираме со резенките од лиммон. Магдоносот ситно го сечкаме и го наросуваме одозгора.











Пастрмка во орли

- 400 гр. Пастрмка
- 4 јајца
- 200ГР.мајонез
- 4 кисели краставици
- магдонос
- 1 домат
- 1 лимон
- 250 мл. пиво
- бело вино
- 100 гр. Брашно
- масло за јадење
- сол

На пастрмките им ги отсекуваме главите. Потоа им ги отстрануваме коските и кожата. Месото од рибата го сечкаме на мали парчиња и го собираме на чинија. Посолуваме и промешуваме со раце.

Јајцата ги кршиме и ги двоиме жолчките од белките. Жолчите ги ставаме во сад за матење, а белките во еден подлабок сад. Потоа белките од јајцата ги префрламе во еден поголем длабок сад и ги матиме со миксер. И жолчките ги матиме со миксер и во нив го додаваме пивото и брашното.Го исклучуваме миксерот и во садот ги додаваме изматените белки. Промешуваме со жица за матење.
Парчињата риба на чинијата ги наросуваме со брашно. Од содржината од садот за матење претураме во еден помал сад. Потоа во садот ги валкаме парчињата риба и ги ставаме да се пржат на загреано масло на оган. Киселите краставици ги рендаме во еден сад и додаваме мајонез. Потоа во садот додаваме малку бело вино и промешуваме со лажица. Посолуваме и повторно промешуваме.
За време на пржењето крокетите од риба ги вртиме во тавата а откако ќе се испржат со лажица решетка ги вадиме на чинија за сервирање. Чинијата ја украсуваме со листови зелена салата а на двата краја од чинијата ставаме од претходно подготвениот сос.
Еден домат го лупиме во круг а од лушпата формираме цвет кој го ставаме на средината на чИнијата. Неколку гранчиња магдонос многу кратко време ги спуштаме во загреаното масло а потоа со нив ги украсуваме крокетите од пастрмка.
Декорацијата ја завршуваме со кришки лимон.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net/forum.htm
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 25
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Пастрмка (специјалитети)   Сре Фед 11, 2009 5:18 pm

Охридска пастрмка во сос од сардина

потребни состојки за 4 лица:

- 400 гр охридска пастрмка
- една конзерва сардини
- една китка магдонос
- половина маргарин
- една главица кромид
- 100 гр морков
- една чешна лук
- половина литар маслиново масло за јадење
- сочогледово масло за јадење
- сол ибибер

Подготовка:

Тава за печење ја премачкуваме со маргарин по целата внатрешна површина.

Пастрмката, која претходно ја исчистивме, убаво ја посолуваме од надвор и од внатрешноста. Потоа ја побиберуваме со мелен бибер од двете страни и ја ставаме во тавата која претходно ја премачкавме со маргарин. Остатокот од маргарин го ставаме врз пастрмката во мали парчиња. Тавата со пастрмката ја ставаме да се пече во претходно загреана рерна на температура од 250 степени целзиусови.

Додека пастрмката се пече, главицата кромид ситно ја сецкаме по што ја ставаме во посебен сад и ја тргаме на страна.

Истата постапка ја правиме и со морковот кој го сецкаме на ситни коцкички кои ги ставаме во посебен сад и ги тргаме на страна.Со магдоносот исто така, како и со чешнето лук.

По 15 до дваесет минути печење, пастрмката ја вадиме од рерната. Нејзе и го додаваме целото количество ситно сецкан кромид кој го ставаме покрај пастрмката, рамномерно колку да се покрие дното од тавата. Истото го правиме со ситно сецканиот морков, лук и магдонос. Целата тава ја посипуваме со сончогледово масло за јадење по што повторна ја враќаме назад во рерната на печење. По 15-20 минути печење пастрмката и смесата од зеленчук ја полеваме со целото количество од маслиново масло за јадење по што повторно продолжуваме со печење.

По десетина минути пастрмката е печена и ја вадиме од рерната. Ја ставаме во садот со кој ќе ја служиме, а зеленчукот убаво го процедуваме. Зеленчукот го враќаме назад во тавата. Сардината од конзерва ја ситниме на помали парчиња, а сафтот кој ни остана по цедењето го сипуваме во длабок сад.

Сафтот го загреваме на силен оган. Него му ја додаваме иситнетата сардина која убаво ја мешаме со сафтот. На сосот му додаваме ситно сецкан магдонос и ја оставаме да се вари. По десетина минути варење сосот од сардина е готов. Со неа ја преливаме пастрмката.

декорација:

Декорацијата на ОХРИДСКАТА ПАСТРМКА ВО СОСОТ ОД САРДИНА ја правиме со неколку гранчиња француски магдонос и неколку кришки свеж лимон без кои ниедна риба не може да се замисли. Декорацијата ја надополнуваме со неколку кришки свеж домат.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.macedonianforum.net/forum.htm
 
Пастрмка (специјалитети)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Гурманско катче-
Отиди до: