Игла форум!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Игла форум!


 
HomeGalleryБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори

Go down 
АвторПорака
Stolee
Администратор
Stolee


Број на мислења : 128
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори Empty
ПишувањеПредмет: Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори   Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори Icon_minitimeПет Фед 06, 2009 6:25 pm

Поголема мобилност на студенти и професори од Македонија и од Хрватска, кои ќе добиваат стипендии што ќе ги обезбедуваат двете држави. Ова ќе се овозможи со програмата за соработка што вчера во Загреб ја потпишаа министерот за образование Перо Стојановски и неговиот хрватски колега Драган Приморац.

- Со оваа програма се продолжува соработката на двете министерства. Приоритет е изработката на заеднички проекти и аплицирање во областа на земјоделството, сеизмологијата, медицината, ветерината информатиката и математиката - рече министерот Стојановски.

Хрватскиот министер Приморац истакна дека со ова се продолжува пријателската соработка со Македонија заради заедничките реформи што ги спроведуваат во образованието.

- Двете земји ќе бидат членки на Европската Унија и сакаме таму да влеземе како држави што ќе бидат конкурентни, а не како држави на наемни работници. Но без образование нема конкурентност - истакна Приморац.

Како што посочи Радован Фукс, пак, државниот секретар во хрватското министерство, државата поставила високи критериуми за отворање универзитети. Тој додаде дека таму нема, како што рече, поплава од универзитети, но затоа има многу приватни високи школи со стручни студии за надградба на средното образование.
Болоњскиот процес во Хрватска е пред втората фаза, а централно место во неа е мобилноста на студентите и поврзувањето на стопанството во високото образование.
Вратете се на почетокот Go down
https://igla.macedonianforum.net
 
Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Во кој град од Македонија не сте биле?
» Гледаност на телевизиите во Македонија
» Стари слики и разгледници од Македонија
» Кој е најубав град во Македонија и зошто?
» Колкава би требало да биде платата во Македонија?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Образование и Наука-
Отиди до: